Јаневска: Рацете на политиката подалеку од образованието

Рацете на политиката подалеку од образованието, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска, оценувајќи дека донесувањето на трите закони од областа на високото образование, кои се во собраниска процедура, е важно за подигнување на квалитетот на универзитетското образование и за подобрување на позициите на македонските високообразовни институции на меѓународните ранг-листи.
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа што ниту еден македонски универзитет не се најде на најновата Шангајска листа и дали законските решенија можат да придонесат за подобро рангирање, Јаневска рече дека не очекувала драстични промени во краток временски период.
- Не очекувавме во период од две години, особено без новите закони, да има некакво драстично придвижување на Шангајската листа. Трите закони кои во моментов се во собраниска процедура очекуваме во еден догледен период значајно да го поткренат квалитетот во високото образование, но и да ги отворат другите индикатори што ги користат не само Шангајската, туку и останатите листи за рангирање, за да можеме да се придвижиме на тие листи - изјави Јаневска.
На прашањето што доколку законите останат блокирани во Собранието, министерката нагласи дека образованието не смее да биде поле за политички пресметки.
– Кога политиката навлегува во образованието, сметам дека штетата е за сите. Несоодветните информации што се пласираат заради политички поени или придобивање лајкови прават штета на образовниот систем и го оневозможуваат квалитетното образование - нагласи министерката.
Јаневска посочи дека Министерството досега водело дебата со академската заедница за законските решенија, но дека од политичките субјекти не биле доставени конкретни забелешки и предлози.
– Парламентот е местото каде што ќе се соочиме со сите аргументи. Ако постојат забелешки на одредени законски одредби, таму ќе се разговара за нив. Но, уште еднаш ќе повторам, рацете на политиката подалеку од образованието. Нашите млади заслужуваат квалитетно образование, а со донесувањето на овие закони ќе го подигнеме квалитетот на високото образование, што е директно поврзано и со меѓународните рангирања на универзитетите, истакна министерката.
МИА
Ново на Сител
-

Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска
-

МВР: Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода
-

АМСМ: На Табановце за влез и излез во земјава и на Богородица за излез се чека од 40 минути до еден час
-

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
-

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон
-

Одбележување на 25-годишнината од формирањето на ЕБР
