Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада, и секој кој се огрешил пред законот ќе одговара
При денешната посета на општина Гази Баба во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на коментар за апсењето на наводно блиски луѓе и обвинувањата од СДСМ за инволвираност за случајот со продажбата на ниви во Делчево истакна дека се конструираат лаги и измислици и се дефокусира јавноста од тешкиот живот и инфлацијата ,бидејќи се плашат и знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада.
Видете јас сум навикнат да околу мене се конструираат лаги, измислици и невистини, четири и пол години сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ и најчесто тие што тоа го конструираат завршуваат со судски пресуди и треба да се извинат. Така беше многу пати во минатото така е и сега и така ќе биде во иднината. Нормално уплашени се знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што ќе ја формира следната влада и знаат дека ќе треба да одговараат за криминалот па сега се обидуваат да растураат пердуви и да конструираат лаги и измислици и да ги поврзуваат со мене. Но тоа мене дополнително ме мотивира да продолжам да работам онака како што до сега сум работел чесно, посветено,мотивирано така било и така и ќе биде. Се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од брилијантното однесување во парламентот, од инфлацијата, од тешкиот живот, од сите оние фаули што ни се случуваат секојдневно со тоа што нешто ќе поврзат негативно во општеството со мене. Да бидеме јасни и прецизни, јас верувам во презумција на невиност но исто така секој оној што се огрешил пред законот, родена сестра и брат да е, ќе одговара, времето на неказнивост на поединци во општеството заврши, времето на луѓето кои што мислат дека ќе си поигруваат со законот, заврши, но тоа важи и за сите останати кои што биле на линија на законот од едната или од другата страна. Затоа сакам да им порачам на сите оние конструктори и измислувачи на лажни вести дека продолжуваме понатаму да се бориме против криминалот и корупцијата, продолжуваме понатаму да ги реализираме проектите а нормално повторно ние ќе се најдеме на суд и повторно нивниот партизиран суд, нивните партизирани органи на прогонот ќе треба да се извинат“, нагласи Мицкоски.
Ново на Сител
-
Вучиќ се приклучи на Движењето за народот и државата и ги повика и граѓаните да го сторат тоа
-
Приведен малолетник кој уценувал маж во Битола
-
АХВ со стручни обуки за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и миленици
-
Рубио: Се надевам на скоро дипломатско решение за завршување на војната во Украина
-
Хајди Клум, со својот фустан, ги прекрши правилата на Филмскиот фестивал во Кан
-
Појавата на проширени вени можно поврзана со развој на деменција
-
Реткиот „Медитеранско син“ дијамант од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра
-
Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер утре во Скопје