Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да преговара за коалиција со сите партии кои се против Заев
На денешната прес конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на коалиции за локалните избори истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да преговара за коалиција со сите партии кои се против Заев и коалицијата на власт.
„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ го имам јас соопштено неколку пати во минатото ќе го повторам, сите оние политички субјекти кои што ценат дека владата, власта во случајот предводена од СДСМ и ДУИ како мнозински партии, водат погрешни политики и водат политики кои што се на штета на мнозинството граѓани на штета на државата, сите тие политички субјекти кои што ги споделуваат ова чувство, мислење, тврдење се добредојдени во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ е подготвена со сите тие да разговара и да преговара за коалиција уште пред одржување на првиот круг на локалните избори. Тоа ги вклучува тука и партиите на Албанците, Турците, Власите, Србите, Бошњаците, Ромите, Египќаните, македонските политички партии сите се добредојдени. Секој оној кој што има чесна намера и секој оној кој што мисли дека оваа власт ја води Македонија во пропаст е добредојден“, нагласи Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата