Мицкоски: Власта се обидува да ни прикаже розева слика, но реалноста е сосема поинаква
Денеска практично ја отпочнуваме клучната подготовка за локалните избори кои што за неколку месеци од денес ќе се случат. Симболично ја започнуваме токму од овде од Старата Скопска чаршија и имавме можност со неколкумина занаетчии да разговараме.
Истите тие ја пренесоа нивната загриженост околу моменталната економска би рекол состојба во државата, се разбира ја споделија грижата и од последиците од пандемијата кој што самите ги чувствуваат како понатаму ќе се развива државата, разочараноста од досегашниот пристап на владата во делот на помошта која што изминатиот период брутално ја злоупотребуваше за насилен поткуп, наместо да има помогне на оние кои што се погодени од кризата.
Така што одлична можност за во периодот кој што следи да продолжиме да се дружиме би рекол со овие луѓе, да разговараме за реалните проблеми, но не само овде во Старата Скопска чаршија туку и насекаде во Македонија со луѓето кои што практично се борат на реален терен со реални проблеми, а не со оние замислени розеви очила седнати во дебели кожни фотелји каде што газат црвени дебели персијански килими во владата и во министерствата, со скапо платени ПР агенции да ни кажуваат дека животот е розов, а во суштина реалноста е сосема поинаква, односно би рекол спротивна од она што владата преку скапо платената пропагандна машинерија се обидува да не убеди.
За жал не успеваат во тоа. Реалното чувство на граѓаните, на стопанствениците, на занаетчиите е сосема спротивно од она што се обидува владата да ни го прикаже.
Така што еве тука денеска почнуваме симболично, продолжуваме понатаму секој ден. Покрај ова ќе имам состаноци и со комитетите на партијата, излегуваме на терен и очекуваме голема победа.
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Путин повторно го именува Игор Краснов за главен обвинител на Русија
-
Одбележани 24 години од нападот на полициската станица во тетовско Теарце во 2001 и загинувањето на полицаецот Момир Стојановски
-
Дваесет и две американски сојузни држави го тужат Трамп поради укинување на правото на државјанство по раѓање
-
Скопје -Женева и Скопје - Париз, две нови линии од скопскиот аеродром
-
Импровизирана кукла со ликот на Маск обесена на плоштад во Милано
-
Сараево повторно на врвот на листата на најзагадени градови во светот
-
Скопјанец ја пријавил за исчезната невенчаната сопруга
-
6 лица повредени во сообраќајка кај Дебарца