Мицкоски: Власта да ги исполни очекувањата на пензионерите
Власта да покаже повеќе разум и да ги прифати барањата на пензионерите, побара лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес од тетовска Брвеница, одговорајќи на новинарско прашање. Тој не го прифаќа ставот на власта дека нема простор за решение.
- Па видете од власта велат дека нема простор за договор затоа што потрошија 200 милиони евра а од тие 200 милиони евра, гледате дека нема ниту лопата, гледате дека не е ископан ниту еден ров за оној капитален проект, и тоа се пари коишто завршуваат најчесто во приватни џебови како резултат на провизија и затоа нема за пензионерите. Јас веднаш повикувам на состојба кога треба да се разговара со пензионерите, тие ја имаат нашата поддршка, ја имаат мојата поддршка, и очекувам дека ќе се вразуми власта и дека ќе постапи според потребите на пензионерите бидејќи инфлацијата, скапиот живот и ова што се случува практично го уништува на дневна основа стандардот на граѓаните и пензионерите, нагласи Мицкоски од Брвеница каде беше во рамки на партиската кампања „Ова е Македонија за сите“.
Одговарајќи на новинарско прашање, пак, за проблемите со откупот на пиперките и грозјето, Мицкоски оцени дека земјоделците за оваа Влада се маргинална група.
- Но, добрата вест е што набрзо од денес оваа влада ќе биде во опозиција. На идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш во минатото во фокус и било работењето, но исто така и земјоделците како наши сограѓани. Многу е важно тие да произведуваат она со што ние се развиваме како држава, да произведуваат доволно храна за нашите потреби, но и за извоз, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Определен 48-часовен притвор за таткото на Вања Ѓорчевска
-
Претседателот Пендаровски се потпиша во книгата на жалост во ООУ „Ј.Х.-Песталоци“
-
Распишана меѓународна потерница за Љупчо Палевски
-
Кик бокс клубот Шампион од Балкан бест фајтер со 10 медали
-
Кик боксот национален спорт број еден, македонските кик боксери освоија 117 медали на Балкан бест фајтер
-
Таткото на убиената Вања донесен во суд
-
Берово: 23 годишен му се заканувал и се обидел да истепа државен инспектор, следува кривична пријава
-
Магла со видливост од 100 метри на планискиот премин Ѓавато