Мицкоски: Власите секогаш давале придонес во заедничкиот развој и во трасирањето на заедничката иднина
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска им го честита на припадниците на етничката влашка заедница 23 Мај – Националниот ден на Власите.
-На сите припадници на влашката етничка заедница, во име на ВМРО-ДПМНЕ и во свое лично име, Ви го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите и ви посакувам добро здравје, многу љубов и многу среќа во Вашите семејства, нагласи Мицкоски во честитката.
Истакна дека ова е важен ден за влашката заедница, бидејќи ја одбележува влашката култура и традиција, слогата и соживотот граден со децении наназад на територијата на Македонија.
-Власите во Република Македонија секогаш давале придонес во заедничкиот развој и во трасирањето на заедничката иднина. Се надевам дека тешките мигови кои ги наметна оваа ненародна власт во време на економска неизвесност, здравствена криза и несигурност ќе поминат. Подобри денови ќе дојдат кога оваа ненародна и неодговорна власт што поскоро си замине. Сакам да изразам надеж дека и во иднина заеднички ќе продолжиме да ја градиме нашата држава, да создаваме иднина за следните генерации. Нека Ви е честит и за многу години 23 Мај – Националниот ден на Власите!, напиша Мицкоски во честитката.
Ново на Сител
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
