Мицкоски: Владата да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите и платите
Владата глуми преговори со некои здруженија, новоформирани организации и симулира социјален и економски дијалог, во исто време кога во Собранието директно ги одбива предлозите за покачување на пензиите на пензионерите, платите на наставниците и останатите вработени во јавниот сектор, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на регионалниот отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од пелагонсикиот регион, Битола, Прилеп, Новаци, Могила и Ресен.
Тој информира дека во Собранието се расправа за измени на законот за наставници, закон кој, како што истакна, не предивува зголемување на платите, туку давање можност за нова партизација.
-Во исто време, кога пред некој ден го одбија предлогот на ВМРО–ДПМНЕ за усогласување на платите и нивниот раст, правеа обид за повторна партизација на образованието, истакна Мицкоски.
Тој ја повика Владата да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите и платите.
– ВМРО-ДПМНЕ јавно ќе го пофали таквиот чекор и ќе се откажеме од сите наши заслуги, ние не сме важни, ниту јас, ниту пратеничката група, ниту од крајот на денот ВМРО-ДПМНЕ бидејќи народот е важен. Ова наше барање не е поради популизам туку поради вистинската грижа за народот, само да им се помогне на граѓаните, рече Мицкоски кој во обраќањето се осврна и високите цени на производите, повисоките сметки за струја, инфлацијата…
Мицкоски обвини и дека поради негрижата на Владата, можно е и покачување на цената на водата.
Ново на Сител
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД
-
Како да се спречи одливот на работници?
-
Од Скопје ќе се лета до Париз и Женева – Воведени две нови авиолинии
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот