Македонија
25. April 2021 - 12:15

Мицкоски: Уставобранителите се чесни граѓани на оваа земја

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денес излезе на протест. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски во својот статус објавен на фејсбук побара ослободување на уставобранителите.

„Не смееме да премолчиме неправда, затворот на правдина е најтежок, а општеството не смее да дозволи импровизации.

Даваме поддршка и бараме ослободување на уставобранителите, тие не се и не можат да бидат терористи. Тие се чесни граѓани на оваа земја.“ - напиша Мицкоски на фејсбук.

Протестот ќе започна пред Владата, а ќе заврши пред Собранието.