Мицкоски: Уште не се залечени раните за случајот со Онкологија, има нова афера каде ќерка дава тендер од 3 милиони на татко
Во услови кога не се залечени раните од оној траор и гнев кој секој од нас го чувствува поврзан со она што се случувало на клиниката на Онкологија, стигнува нова афера каде ќерка дава тендер на татко и тоа ни помалку ни повеќе туку 3 милиони евра, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Илинден одговарајќи на новинарско прашање за најновата афера поврзано со клиниката за хематологија чија директорка Пановска доделила тендер на веледрогеријата на нејзиниот татко.
Мицкоски истакна дека оваа спрега трае со години, можеби децении и затоа здравството е доведено до ова дереџе, но посочи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе ги испита сите сомнежи за криминал и секој кој сторил криминал ќе одговара.
- Повторно ќе кажам од оваа влада не очекувам ништо, следната влада на ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера да се занимава со криминалот од било која форма, дали е ваков семеен, дали е оној кој планираат да го амнестираат преку оној нов Закон за амнестија или политички криминал кој го генерираат овие во владата, рече Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Фицо: Западот ја искористи Украина во обидот да ја ослаби Русија
-
По вербална расправија со нож му нанел четири убодни рани, приведен 32-годишник од Виница
-
Затворен за сообраќај патот од Брезница преку НП „Јасен“ до Македонски Брод
-
ЦУК: Активен пожар во Македонски Брод, еден под контрола, 14 изгаснати
-
Албанезе: Нетанјаху негира хуманитарна криза во Газа, ние ќе ја признаеме Палестина
-
ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина
-
Црна Гора побара помош од НАТО за гаснење на пожарот
-
Мицкоски и Алиу во посета на реконструираното болничко одделение на ЈЗУ Клиника за урологија