Мицкоски: Трикови околу цените на храната нема да толерираме
Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека доколку се забележи неконвенционално однесување во однос на цените на прехранбените производи, ќе интервенираат како Влада.
- Да ги почекаме индикаторите. Потрошувачката кошничка зависи од однесувањето на трговските ланци, но и на снабдувачите и дистрибутерите. Како Владата рековме дека трикови нема да толерираме, но исто така, не мислам дека е сезонско овошје - јагоди, цреши, лубенци за овој период од годината, изјави денеска Мицкоски во однос на синдикалната потрошувачка кошничка.
Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги објави минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство за мај кои, според податоците, се зголемени за 1.217 денари во споредба со април. Зголемување од 954 денари има кај храната и пијалоците
Ново на Сител
-
Енормно зголемена потрошувачката на вода во Скопје, можни се рестрикции и намален притисок
-
Струшките плажи и годинава без спасители на вода
-
За шест часа казнети 600 возачи
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Николоски: Започна да се користи новиот автопат од Врбјани до Ботун, следуваат нови прокети
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Двајца мртви и повеќе повредени во пукотници во Кентаки
-
Шекеринска за Хина: НАТО нема да отстапи од поддршката за Украина