Мицкоски: Со референдум да ја зачуваме државата пред обидите за уцени и асимилација, а да продолжиме по патот за Европската унија
Гласот на референдум ја направи Македонија независна.
Гласот на референдумот ќе ја направи Македонија достоинствена.
Пред 31 година одлучивме да бидеме независни, иако и тогаш многу не беа среќни со нашата одлука.
Пред 31 година дадовме завет дека ќе направиме се независна Македонија да биде држава со којашто ќе се гордееме.
Огромен предизвик беше референдумот за нашата независност. Многу прашања, дилеми и критики имаше и тогаш, но времето покажа дека овој чекор беше историски.
Сега, 31 година подоцна стоиме пред ист предизвик.
Со референдум да ја зачуваме државата пред обидите за уцени и асимилација, а да продолжиме по патот за Европската унија.
Гласот тогаш беше храброст.
Гласот сега ќе е храброст.
Нека ни е честит и вековит 8 Септември!
Да живее Македонија!
Ново на Сител
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари