Македонија
13. August 2020 - 15:39

Мицкоски со пратеничката група на состанок со Пендаровски

Целата пратеничка група од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена со лидерот Христијан Мицкоски штотуку влезе во Вила Водно за средба со шефот на државата Стево Пендаровски.

Мицкоски заедно со професорката и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска ќе побара образложение од шефот на државата зошто мандатот за составување на Влада неуставно му го доделил на лидерот на СДСМ Зоран Заев. По состанокот се очекуваат и изјави.

Претходно Мицкоски на прес-конференција кажа дека доделувањето на мандатот на Заев не е во согласност со Уставот бидејќи Заев не приложил доказ дека ја има поддршката од 61 пратеник како што тоа го бара највисокиот законодавен акт.

 

Катерина Нешкова