Мицкоски – Сијарто: Македонија е предолго надвор од ЕУ поради неразумни билатерални пречки
Македонија е предолго надвор од ЕУ, меѓудругото и поради неразумни билатерални пречки со што сериозно се разнишува и кредибилноста на самиот интегрирачки процес и со право се зголемува чувството за двојни аршини кога станува збор за стратешките евроинтегративни процеси, истакнал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сјарто.
Според Мицкоски, нашата држава со сите свои недостатоци во поглед на реформи и политики сепак споредено со други држави кои веќе се членки на Европската Унија, заслужува напредок кон остварување на оваа неспорна стратешка цел членство во Европската Унија.
На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало и за предизвиците со кои се соочуваат нашите граѓани, како што се економската криза, растечката сиромаштија, скапите цени и инфлацијата како и недостатокот на инвестиции и реформи.
Двајцата соговорници ги потврдиле исклучително добрите односи кои ВМРО-ДПМНЕ ги има со унгарската Влада и Мицкоски се заблагодари на поддршката која нашата држава ја има од пријателска Унгарија.
На средбата присуствувале и потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски.
Ново на Сител
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-
Во буџетот нема пари за субвенционирање на придонесите за минималец од 500 евра, велат експерти
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Само еден тендер за мазут преку компанијата на Капушевски е објавен на електронски систем
-
Собранието изгласа недоверба на 5 члена на Судски
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
ИЈЗ: Загадениот воздух се поврзува со смртта на околу 4000 луѓе годишно во Македонија