Мицкоски се уште не добил одговор од албанската опозиција за коалицирање по изборите
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упатил јавна порака до албанската опозиција за коолицирање, но, како што рече, одговор до овој момент нема добиено.
Мицкоски денеска по средбата со Управниот одбор на МАСИТ во Скопје, пак, одговарајќи на новинарско прашање за предлогот на Бујар Османи министер за надворешни работи и кандидат за претседател од ДУИ за постигнување на заеднички консензус за уставните измени, истакна дека „Османи за таков консензус ја има испуштено можноста“, кога, како што рече ВМРО-ДПМНЕ и тој лично на прес-конференција се понудиле да бидат дел од процесот, кој што, според него, го воделе шверцерски и тајно, позади очите на јавноста.
-И ако тој навистина сакаше политички консензус и консензус народен тогаш имаше таква можност како министер за надоворешни работи. За жал тој се однесуваше неодговорно, авантуристички, егзибиционистички и направи историска грешка најприн што го лажеше сопствениот народ, а потоа што го потпиша вториот Протокол, каде што дозволи работата на Комисијата, којашто има за цел да ги утврди историските факти, да биде критериум за напредок на Македонија до полноправно членство во Европската унија, изјави Мицкоски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
