Мицкоски се сретна со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Дирк Јан Коп.
На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, но и за стратешките и реформски процеси кои се од големо значење за иднината на Република Македонија.
Мицкоски го информираше холандскиот амбасадор за низата на корупциски скандали во кои се инволвирани претставници од власта, но и СДСМ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека е потребна брза и ефикасна разрешница на случајот Рекет 1 и Рекет 2 во која сите инволвирани ќе одговараат за стореното.
Соговорниците се согласија дека владеењето на правото е клучно за иднината на Република Македонија пред се поради остварување на стратешкиот интерес на државата за добивање на датум за преговори со Европската Унија и нашето членство во Унијата.
Мицкоски истакна дека од огромно значење е помошта и поддршката на Кралството Холандија за Македонија во сферата на реформи во правосудството, јавната администрација и владеењето на правото, но дека е потребна власт која сериозно ќе се зафати реформите за остварување на стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија за членство во Европската Унија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
