Македонија
11. February 2024 - 16:49

Мицкоски: СДСМ и ДУИ вмешани во расколот на Алијанса, изборот за претседател сведен на 3-ца

ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша во случувањата во Алијанса за Албанците, како што тоа го прават СДСМ и ДУИ кои директно се вклучени во случувањата, вели првиот човек на партијата Христијан Мицкоски. За него вели е непримерно да се мешаат во работите на други политички субјекти.

По раскоплот во Алијанса, поведена е постапка за разрешување на Таравари од претседателската позиција на Конгрес идниот викенд. За утре пак е закажана собраниска седница за избор на нови министри за здравство и информатичко општество, откако со 61 глас мнозинството ги разреши Меџити и Алиу. На нивно место треба да седнат Илир Демир и Наим Бајрами.

И покрај политичките турбуленции, партиите забрзано мерат рејтинзи на имиња со кои би влегле во трката за избор на нов шеф на државата. Во ВМРО-ДПМНЕ кругот е стеснет на три имиња, паралелно со огласот кој е отворен до 21 февруари. За утре е закажана и конститутивна седница на републичкиот изборен штаб на партијата. 

И во СДСМ се уште трае огласот за имиња кои би влегле во трката за претседателски кандидат, иако Ковачевски јасно не одговара дали самостојно или со ДУИ преку консензулано решение ке влезат во избори.

Досега само Левица ја претстави професорката Билјана Ванковска како свој кандидат, и лекарот Вело Марковски кој како независен кандидат ќе собира потписи за да си ги „одмери“ силите во претседателската трка.