Мицкоски: Референдумското прашање создава забуна кај граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Австрискиот канцелар, Себастијан Курц.
На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, евроантлантските интеграции и актуелниот референдум за договорот со Грција. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека членството во ЕУ и НАТО преставува наш стратешки државен интерес, а воедно ВМРО-ДПМНЕ е отворена за понатамошна продлабочена соработка со Австриската Народна Партија како сестринска партија во рамките на Европската Народна Партија.
На средбата Мицкоски истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ останува неприфатлив договорот со Грција и истиот дополнително државата ја става во незавидна ситуација.
Целокупниот процес на преговарање се одвиваше нетранспарентно и опозицијата не беше консултирана, а самиот договор не ги одразува државните и национални интереси на Република Македонија.
За ВМРО-ДПМНЕ повеќезначното референдумско прашање се користи од власта за создавање на свесна забуна кај граѓаните со цел да се прикрие вистинската содржина за што реално треба да се одлучи, а тоа е договорот со Грција.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
