Мицкоски: Предлог-декларацијата за Илинденското востание е навреда за македонскиот народ и држава
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја окарактеризира Предлог декларацијата по повод 120 години од Илинденското востание и Крушевската Република поднесена од пратеничката група на СДСМ како навреда за македонскиот народ и македонската држава.
- Ако ја имате прочитано тогаш знаете дека таа декларација е толку бедно напишана што е навреда за македонскиот народ и за македонската држава и во принцип кога поднесувате таква декларација треба да ја дадете на сите пратенички групи и тие да дадат свои сугестии. ВМРО-ДПМНЕ има своја декларација во рамки на Парламентот поднесена за Гоце Делчев, која од страна на Владата на ДУИ и СДС беше одбиена, рече Мицкоски во изјава за медиумите дадена при денешната посета на Прилеп.
За Предлог - декларацијата, како што посочи, имале многу забелешки коишто ќе ги доставеле доколку биле прашани.
Предлог-декларацијата поднесена од пратеничката група на СДСМ е на дневен ред на собраниската седница закажана за вторник.
Ново на Сител
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“