Мицкоски: Правиме гигантски чекори во економијата-раст на БДП меѓу 4 и 6 отсто во вториот квартал и историско зголемување на индустриското производство

Правиме гигантски чекори во економијата. Во мај бележиме историски раст на индустриското поризводство од 9,4 проценти, имаме поголем извоз на земјоделски производи за 57 отсто во првите пет месеци од годинава во однос на истиот период лани и 22 отсто повеќе туристи во првиот квартал споредено со првиот квартал лани. Кога кажавме дека БДП на реална основа во првиот квартал пораснал за 3,2 отсто споредено со истиот период минатата година и дека тоа е четврти резултат во Европа, веднаш зад Ирска, Данска и Полска, многумина не исмејуваа. Но, сега можам да најавам дека во вториот квартал ќе имаме уште подобар резултат, имајќи ги предвид овие индикатори, дека ќе се движиме меѓу 4 и 6 отсто што е гигантски чекор, зашто првите индикатори од првите два месеца во вториот квартал, април и мај, се огромни, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Како што рече Мицкоски во обраќањето на поставувањето камен-темелник на Ветерниот парк Штип, и остатантие параметри се исто така гигантски - градежништвото, бројот на издадени дозволи, вредноста на објектите кои се мерат во 20, 30, 40, 50 и 60 проценти повеќе споредено со истиот период лани.
-Ова го зборувам со една цел - дека не може да има силна економија ако на одреден начин не сте ја повратиле довербата во инвеститорите, а довербата се враќа на два начина: првиот е дисциплина во работењето и чесност, а второто - битка со криминал и корупција и владеење на правото, рече Мицкоски.
Тој информира и дека утрово ја прочитал веста според која Канцеалријата за туризам на ОН ја вметнала Македонија како осма дестинација за туризам во светот, со раст на турсити од 22 процента во првиот квартал оваа година споредено со првиот квартал лани. Тоа, напомена премиерот, е гигантски чекор напред, 22 отсто повеќе туристи.
-Силно сме посветени на економијата зашто силно веруваме дека имаме огромен потенцијал кој може да не одведе со гигантски чекори напред и тоа го правиме и такви се првичните идникатори годинава, за разлика од чекорењето наназад изминатите седум години. Во првиот квартал, првите пет месеци, првата половина пд годината, чекориме со гигантски чекори напред, истакна Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Заврши првата рунда преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД во Абу Даби
-

Утринска магла, а потоа повремен дожд и снег
-

„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, Тошковски ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги ставиле партиските калкулации над човечките животи
-

Со едукација до свесно родителство | Марија Саздева | Личен Развој | Sitel Podcast 136
-

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ го посети ФК Силекс на подготовките во Анталија
-

Почнаа руско-украинските преговори под покровителство на САД во Абу Даби
-

Во велешката болница било донесено починато шестогодишно дете од Градско
-

Кривична за управител на правно лице, со фалсификување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра
