Мицкоски: Потребна е лидерска средба за датум за избори, може да ја закаже и Џафери

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека е време за лидерска средба, која би можел да ја иницира и претседателот на Собранието Талат Џафери, во спротивно вели можна е уставна криза.
-Ние за неколку месеци од денеска ќе имаме исклучително два значајни изборни процеси. Едниот се претседателските избори, прв и втор круг, а вториот се парламентарните избори. Мислам дека на неколку месеци пред тие изборни циклуси да нема никаква активност е навистина неодговорно и тоа за првпат можеби се случува на македонската политичка сцена и затоа јас излегов со предлог идеа за лидерска средба. Ги слушнав одговорите од официјалните лица, од Артан Груби и Димитар Ковачевски за тоа што мислат тие за тоа. Но, кога зборувам за лидерска средба мислам на лидерска средба во формат во кој што ние ќе разговараме за дати за избори бидејќи можеме да влеземе во уставна криза и потоа процесите да бидат уставно предизвикани, а да бидам попрецизен да бидат и неуставни, изјави Мицкоски на новинарско прашање при денешната посета на Велес во рамките на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените".
Мицкоски додаде дека, една ваква лидерска средба може да биде организирана и од претседателот на Собранието, Талат Џафери.
-Затоа ценам дека на неколку месеци пред избори добро е да се седне на една лидерска средба каде што ќе има претставници од Владата, претставници од опозицијата. Еве бидејќи ги спомнуваат институциите ќе им дадам еден предлог. Нека биде организатор Талат Џафери, нека биде тоа и во Парламентот, и таму ќе дојдам да разговараме за можните дати за избори бидејќи, во меѓувреме, треба и сите ние да сме свесни дека два големи верски празници како што е Рамазан и Велигден, а на тие празници им претходат и постови, така што мора да го подготвиме амбиентот за да имаме навистина еден фер изборен процес, потенцираше Мицккоски и додаде дека очекува разум и одговорност од власта.
Ново на Сител
-

Јаневска за Сител: Законот за високо образование е во интерес на сите, издржаните предлози ќе се прифатат
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Владата се откажува од намерата да купи нов авион
-

Први притвори во Македонија за петте тони марихуана фатена во Србија
-

Дисквалификуваниот Панчевски поднесе кривична до Советот на јавни обвинители
-

Судење за оддавање службена тајна: Димитровска тврди, случајот е последица на ревизорскиот извештај за СЈО
