-->
-->
Мицкоски од Струмица: Очекувам и посакувам предвремени избори
-->
Очекувам и посакувам предвремени избори затоа што тоа е единствениот начин да провериме дали Македонија блеска или пак она што ние како опозиција го говориме дека не само што не блескаме, туку одиме се позабрзано во амбисот, порача вечерва од Струмица лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Разговори за обнова на Македонија- проблеми, решенија и програма“.Додаде дека некој се плаши од едно такво соочување со граѓаните и посакувал, како што рече, што подолго да остане на политичката сцена, што повеќе да ги користи привилегиите, што повеќе да ги злоупотребува тие привилегии во лични цели и затоа предвремените парламентарни избори за Македонија се неопходни сега и веднаш за да може да се определи вистинската траекторија на иднината на татковината, а не таа замислената.
Во обраќањето пред граѓаните во Струмица Мицкоски се осврна на многу прашања и повеќе наврати потенцираше дека во Струмица ќе дошле како победници по следните предвремени парламентарни избори и ќе побарале отчет и одговорност за сето тоа што се случувало изминативе години.
-Треба да одговарат каде отидоа десетиците милиони народни пари на струмичани, но каде отидоа и милијардите кои што ги потрошија во буџетот веќе трета година по ред. И тогаш ќе има одговорност, тогаш нема коалиции за хотели, за бизниси со лотарии, тогаш нема тоа да го има, туку сите тие од прв до последен, јас ви ветувам, дека ќе одговараат, рече Мицкоски.
Претседателот на најголемата опозициска партија потенцираше дека заедно со народот нема да дозволат никаков постизборен инженеринг на наредните избори и дека власта не исполнила ништо од ветувањата.
-Порано велеа и се жалеа дека имало „сваровски судство“, а денеска како судство имаме-„куфер судство“, „луј витон судство“, за такво ли судство се боревме? Тоа ли беше целта на „нема правда-нема мир“, за да можеме да ги полниме сопствените џебови со арам пари од граѓаните. Зата ли се бореа луѓето? Затоа ли ги лажаа луѓето да шараат и да уништуваат државен имот, да кодошат и да пишуваат депеши по странство само за да може да се завалат во кожните фотелји, за да можат да ги газат тие дебели персиски килими во Владата и попатно да ја распродаваат и она малку гордост и достоинство што остана по потпишувањето на разно-разни договори, се разбира најмногу од се да пљачкаат, праша лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Се закани дека каде и да избега некој ќе го најдат, а во моментот разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ е 100 илјади гласови разлика според последните бројки кои ги добил Мицкоски и заради тоа власта не распишувала избори.
-Имам најави дека најголем дел од нив се подготвуваат да ја напуштат Македонија по некои други држави и дури подготвуваат терен таму, но треба да разберат дека и таму ќе ги најдеме, каде и да одат таму ќе ги најдеме, а неправдата мора да ја исправиме, додаде Мицкоски.
Тој на крајот ги презентираше мерките од нивната програма кои ќе ги спроведе во првите сто денови владата на ВМРО ДПМНЕ. Вети дека ќе го врателе повторно „рамниот данок“, ќе изнашле решение за најголемиот дел од проблемите на земјоделците, ќе почнел проектот како да се најде синергија меѓу инвеститорите, меѓу науката и образованието и бизнисот, а ќе отпочнеле и со рестартирање на проектите кои ги затворила актуелната власт и ќе значат подобрување на условите и животната средина, притоа напаѓајќи ја мерката за субвенциониарње на клима инвертери во четири градови во државата и дека со таа мерка се обидуваат да поткупат 10 илјади семејства.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието изгласа укинување на техничката влада - за власта таа е надминато решение, опозицијата смета дека без неа ќе нема услови за демократски избори
-

Раде Трајковски Штекли осуден на осум години затвор
-

Повреден градежник додека извршувал работни задачи на автопатот Охрид-Кичево
-

Објавувала фотографии и навреди за сопругата на нејзиниот поранешен партнер - кривична за жена од гостиварско
-

Мицкоски: Нема да водиме мекотелна политика и дипломатија за пари како претходната влада, која го промени името и го лажеше народот
-

Иранците поканети на национален митинг за обнова на верноста кон иранскиот лидер
-

Тошковски – Сјаојан: Продлабочување на соработката и зајакнување на партнерството во областа на безбедноста
-

Силјановска-Давкова - Пармелан: Првата официјална посета на претседател на Швајцарија потврда за добриот развој на односите и силниот дијалог
