Македонија
4. February 2020 - 16:33

Мицкоски нуди експерти за ЈО, Заев одбива – нема време

Опозицијата бара тим од 6 угледни професори да го состави новиот закон за јавното обвинтиелство

Власта е против. Екс премиерот вели, Европа не чека, време за креирање на нов закон нема

Заев вели дека власта ќе се обиде да склопи 80 пратеници и без поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, за што веќе се водат преговори со пратениците кои беа исклучени од опозициската партија, но и албанските политички партии поради што и Владата оставила простор до крајот на неделава пред и официјално да го предложи законот до Собранието

По вчерашната најава за можно одложување на изборите, Заев денеска прецизира. Изборите нема да се одложат, можно е одложување на датумот за распуштање на Собранието

Одложувањето на изборите ќе ја втурне државата во сериозна криза, предупреди Мицкоски. Најави дека во случај власта да се обиде да го изигра договорот од Пендаровски, тие ќе поднесат предлог за распуштање на Собранието.
Иако официјален став се уште нема извори од пратеничката група на ДУИ брифираат дека ќе гласаат за распуштање на Собранието на 12 февруари, што може да биде доволно за крај на овој пратенички мандат и без поддршка од пратениците на СДСМ.