Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија

На Самитот во Тирана премиерот Мицкоски ќе оствари средбa со премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер.
На средбата се очекува да се постигне согласност за договор за стратешко партнерство на земјава со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Ова преставува стратешки договор кој ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот како што е Обединетото Кралство.
Овој договор преставува ново поглавје во односите меѓу двете држави и преставува клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка.
Самиот договор се преговараше повеќе месеци меѓу тимови од двете држави, и вклучува членови за блиска соработка во повеќе клучни области, велат за Сител владини извори
Се очекува повеќе информации во текот на денот.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
