Мицкоски: Немам и не планирам да имам друго државјанство освен македонското, ако Уставот дозволува може да се ограничи двојното државјанство

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека доколку тоа го дозволува Уставот и законите нема против да се ограничи можноста двојно државјанство да поседуваат пратениците, како и да се прошири ограничувањето и на извршната власт и на претседателот на државата. Вели дека нема и не планира да има друго државјанство освен македонското и оти вакво органичување не го засега на ниту еден начин.
- Ако правните експерти, правно-уставните експерти велат дека нема никаков проблем, тогаш апсолутно поддржувам. Јас немам двојно државјанство, ниту пак имам намера да имам двојно државјанство. Моето државјанство е македонско и да, нека се прошири ако тоа го дозволува законот и Уставот, јас немам ништо против, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по увидот во реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје.
Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова, која е и професорка по Уставно право, денеска изјави дека со закон може да се ограничи двојното државјанство, но, порача тоа да не биде само за пратениците, туку и за извршната власт, односно за министрите и за претседателот на државата.
Неодамна во Парламентот пратениците од владејачката коалиција поднесоа Предлог-закон пратениците да не можат да имаат двојно државјанство, а веднаш потоа СДСМ поднесе друг предлог со кој се бара ограничувањето да се прошири и на министрите и вицепремиерите и да почне да важи веднаш.
МИА
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
