-->
-->
Мицкоски: Не е до чистката, туку до тој што треба да исчисти
-->
Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти, името му е Зоран Заев.Зашто ветувањата за 500 евра плата не ги даваше некој друг, туку токму тој Зоран Заев.
Ветувањето за живот во Македонија, за повеќе пари за земјоделците, за 100 000 денари плата за лекарите, за правда и мир не ги даваше друг, туку тоа беше Зоран Заев.
Ветувањето дека нема да чепка во Уставот, дека името му е жицата од гитарата, и никој да не му ја чепка, беа зборови на Заев.
Ветувањето дека ќе расчисти со двајца министри осомничени за корупција во неговата влада уште пред две години, не ги даде некој друг туку токму Зоран Заев. Нема резултати.
Тој ги изневери и излажа граѓаните. Ја донесе апатијата и разочараноста во државата.
Ставот дека сите други погрешиле, но само тој е чист, е потценување на граѓаните.
Затоа на 5 мај мора да добие лекција која очигледно не ја научи оваа Недела.
Време е народот да му одржи лекција, време е да се каже доста е на лагите. Нема повеќе.
Време е за правда, за Македонија!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Жената која си го одзеде животот заедно со нејзината ќерка со години пријавувала семејно насилство, вели нејзиниот брат
-

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
-

Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
-

Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор
-

Андоновски на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори - MWC26 во Барселона
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
