Мицкоски на средбата со Ескобар го потврдил ставот на коалицијата во врска со уставните измени
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар го потврдил ставот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени.
На средбата во Амбасадата на САД во Скопје, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, потенцирал дека актуелната власт за многу внатрешни политички прашања погрешно ја информира меѓународната заедница вклучително и САД.
- Уште еднаш беше афирмиран ставот на партијата дека суштинската заложба и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е ЕУ и евроатланските вредности. Воедно, претседателот Мицкоски укажа дека единствено решение за излез од една ваква исклучително тешка ситуација, се одржување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе изберат влада со легитимитет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата на Мицкоски и Ескобар, на која присуствувале потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и амбасадорката Ангела Агелер, исто така од двете страни била потенцирана потребата за јакнење и продлабочување на стратешкото пријателство меѓу двете држави.
Ново на Сител
-
Австрискиот канцелар Карл Нехамер го прифати мандатот за формирање влада
-
Хезболах ја презеде одговорноста за нападот врз резиденцијата на израелскиот премиер
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Студено утро со магла по котлините, преку денот сончево со слаб ветер
-
Почна со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата
-
Кривична за автомеханичар од Охрид: Вадел исправни делови од автомобили и ги продавал
-
Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Северна Македонија
-
Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата