Мицкоски на средба со членови и симпатизери на партијата во Чаир
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Чаир, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.
Мицкоски пред насобраните кажа дека ова што се случува е национален проект на СДСМ на понижување, омаловажување и уништување на Република Македонија, а паралелно има процеси преку уценети и инструирани структури кои се обидуваат да се нанесе сериозен удар врз ВМРО-ДПМНЕ и врз самите членови.
Мицкоски посочи дека според „Транспаренси Интернешнл Македонија“ е падната за 50 места или на 112 место на индексот на корупција што не сместува некаде со Танзанија и Етиопија. Мицкоски, исто така ги посочи процесите што се водат против ВМРО-ДПМНЕ и против членовите под раководство на „Кацарска судството“ и на „Рускоска обвинителството“.
„Ќе се појави некој сведок кој ќе каже како тоа ВМРО-ДПМНЕ било вакво или такво и како пратично ВМРО-ДПМНЕ се претстави во јавноста како злосторничка органзација за да им се даде потоа правен легитимитет за овие структури да можат да нанесат удар врз ВМРО-ДПМНЕ и практично да го забранат ВМРО- ДПМНЕ да постои. Затоа што така ќе бидат најсигурни. Тоа е проектот кој го прави СДСМ преку своите структури во судството, обвинителството со нарачани сведочења и решението е да се побара правен основ да не постои повеќе партијата, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски ги наброја сите неуспеси на оваа Владата во полето на здравството, образованието, труд и социјала реформи односно сите оние работи кои ги ветуваа за време на парламентарни и локалните избори за кои немаат никакви резултати. Дури и тие што им беа оставени ги сопреа.
Мицкоски се осврна и на протестите кои се организираат против оваа власт. Тој притоа кажа дека има притисоци и закани за губење на работните места кои е свесен но дека и покрај ваквата ситуација според него мора да се покаже пркост и дека не може да се остане нем и глув по се ова што ни се случува.
„После првиот наш протестен марш што ни се случи пред владата минатата среда 15 луѓе кои сосема случајно учестувале и биле присутни на тој марш во 6 утрото имаа рација од страна на МВР. Денеска истото се случува ширум Македонија. Имаме докази за претреси во Велес, Охрид и тоа повторно со наоружани припадници на МВР и им се одзимаат нивните лични предмети“ рече Мицкоски
Мицкоси го спомна скандалот со новото прислушкување на судиите и јавните обвинители и притоа запраша како може да им се верува на нив и во нивната независност. Тој посочи дека потребна е поддршката од нашите сограѓани и дека повеќе не смее да се излезе со ветувања за она што не може да се исполни.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот