Мицкоски: На памет не ми доаѓа да разговарам со неимунизиран попишувач
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во Темата на денот во Дневникот на Сител рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи попис кога попишувачите ќе бидат вакцинирани.
Прашан што неговата партија ќе направи доколку пописот не се одложи и доколку попишувачите не се вакциниран, Мицкоски не одговори конкретно дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го бојкотира пописот.
-Граѓаните не смеат да бидат заложници на политичкиот договор Заев-Ахмети. Јас го избирам здравјето на сметка на политичкиот договор Заев-Ахмети. И упатувам апел до граѓаните да го изберат здравјето на сметка на политичкиот договор Заев-Ахмети, појаснувајќи дека здравјето се бира на начин што дома би примиле попишувач кој е имунизиран.
Прашан што би направил доколку на неговата врата се појави невакциниран попишувач Мицкоски одговори:
„На памет не ми доаѓа да разговарам со неимунизиран попишувач“.
Сепак, тоа за него не е бојкот, туку избор за живот.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
