Македонија
1. November 2024 - 23:25

Мицкоски: Лесна земја на загинатите во Нови Сад, брзо закрепнување на повредените

Премиерот Христијан Мицкоски изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад. 

„Со длабока тага ја примив веста за трагичната несреќа во Нови Сад, која одзеде човечки животи и остави многу семејства во болка. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и со сите повредени.

Од името на Владата и од мое лично име, упатувам најискрено сочувство до семејствата на настраданите. Нека им биде лесна земјата на оние кои ги загубија своите животи, а на повредените им посакувам брзо и целосно закрепнување.

Во овие моменти на тага, стоиме заедно со нашите соседи и пријатели од Србија. Нека оваа трагедија не потсети на важноста од меѓусебна поддршка и солидарност.“ - напиша Мицкоски на Фејсбук.