Македонија
21. March 2020 - 10:09

Мицкоски: Купувајте македонски производи, затоа што така ја правиме државата подобра и затоа што ја сакаме Македонија

Ова е време на вистинска здравствена, санитарна но и економска криза.

Корона вирусот не само што го напаѓа здравјето на граѓаните, туку ја разорува и економијата, а тука се работи за стандардот на граѓаните и квалитетот на животот.

Компаниите кои се најдиректно изложени на штетните последици од пандемијата губат по 110 милиони евра месечно. 70 проценти од овие компании се мали со од еден до 9 вработени. Тие се првите на удар.

Во отсуство на брза реакција на властите, секој од вас може да помогне. Се прашувате како???

Купувајте македонски производи и спасете работно место. Секој човек во економскиот свет е потрошувач, трошете паметно и купувајте производи произведени во Македонија за да и помогнете на економијата, а највеќе да помогнеме да се сочуваат работните места, а така си помагаме себеси.

Купувајте македонски производи, затоа што така ја правиме државата подобра и затоа што ја сакаме Македонија!

 

Видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ