Мицкоски: Кога Заев-Бучковски преговараат со Бугарија, сигурно е дека следува нова катастрофа
Во денешната изјава за медиуми, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со тековните преговори со Бугарија, истакна дека со истите ќе следува нова катастрофа, затоа што кога двоецот Заев –Бучковски преговараат ќе следува нова национална катастрофа по искуството од минатото кога тие одлучувале за иднината на граѓаните.
-Јас не сум слушнал дека најавил нов можен договор, во текот на вчерашниот ден слушнав дека планот на активностите практично бил готов, мислам дека македонската јавност заслужува кој е тој план и активности, бидејќи од самиот почеток велиме дека нов документ, нов договор или анекс на договорот или меморандум за разбирање или не знам поинаку како ќе го нарече Заев, Димитров и Османи е на маса и е на барање на нашиот источен сосед. Треба час поскоро вие како медиуми треба на македонската јавност да и го обезбедите текстот на овој план за активности, да видиме што опфаќа, затоа што според нашите информации, покрај идентитетските прашања коишто опфаќаат македонската традиција, македонските обичаи, македонскиот јазик, македонската историја, македонските дејци, македонските револуционери, има многу и бизнис работи би рекол коишто се дел од тој договор или план на активности којшто е на маса – вели Мицкоски.
-Кога двоецот Бучковски – Заев преговара, тогаш се спрема нова катаклизма, нова катастрофа, економско цунами, но истовремено и национална катастрофа. Така да треба повторно да бидеме будни да овој период не го искористат овие двајца да до распродадат тоа коешто малку остана за државата. Така што ве охрабрувам вас како медиуми да го најдете овој текст на договорот и овој текст на договор да го презентирате пред македонските граѓани. За жал ни се спрема нова национална катастрофа и економско цунами и катаклизма, кога двоецот Заев-Бучковски преговара и одлучува за иднината на овие граѓани, барем такво беше искуството во минатото – заклучи Мицкоски.
Ново на Сител
-
ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола
-
Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да си го одземе животот, приведено едно лице поради сомнение за посредување на проституција
-
Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце
-
Европол: Уапсен клучен актер кој стои зад рускојазична платформа за сајбер-криминал во Украина
-
Синер повторно го ангажираше Ферара
-
Во Гевгелија измерени 42 степена, а 40 во Скопје, освежување од недела
-
ССНМ бара препораките за топлото време да важат и за новинарите и да не се организираат настани на отворено
-
Со македонски пасош без виза може да се патува во 130 држави