Мицкоски: Ќе сториме се платите да растат, но и да имаат вредност
Платите мора да растат и да имаат вредност, а ние ќе сториме се платите да растат, но и да имаат вредност, да нема инфлација, порача премиерот Христијан Мицкоски кој денеска по посетата на Јавното претпријатие за државни патишта во Скопје одговораше на новинарско прашања за обвинувањата од СДСМ дека новата Влада не го исполнила предизборното ветување за зголемување на платите, како и за барањата на синдикатите за раст на минималната плата.
-Од друга страна тоа што го прави СДСМ е обид да манипулира и обид да го навреди граѓанинот дека има кратко помнење. Ние работиме врз основа на нашата изборна Програма. Отворете ја изборната Програма и таму можете да прочитате што има. Работиме врз основа на изборната Програма, бидејќи таа Програма на избори сме добиле близу 450.000 гласови од граѓаните и тоа е за нас се, вели Мицкоски.
Смета дека СДСМ преку соопштенија, како што вели, практично лиферуваат лаги и самите да веруваат во тие лаги.
-Но во ред, тие нека продолжат да лажат, сега се помалку ќе имаат можност да крадат, бидејќи тие што крадеа, многу скоро денеска ќе бидат изведени пред лицето на правдата или сменети. Но, тие ќе си продолжат со лагата, а ние ќе продолжиме да работиме. Тоа е нашата цел, бидејќи нас не инспирира поддршката од граѓаните, којашто ја добиваме секојдневно, вели Мицкоски.
Тој истакна дека убава вест е и што близу 3.000 вработени во ЈП „Национални шуми“ и АД Водостопанство добија плати, кои не им биле исплатени во изминатите четири месеци.
-Од Буџетот, практично со ребалансот беа обезбедени средства за исплата на овие плати, повеќе од 350 милиони денари и добро е што денеска веќе е донесена одлуката и веќе ќе почнат да се исплаќаат истите плати. Променета е Програмата, во „Национални шуми“ веќе легнаа средствата на сметките на вработени. Најдоцна понеделник ќе бидат и во АД Водостопанство и така ќе продолжиме во иднина. Тука не треба да се потцени фактот дека со ребалансот обезбедивме плус милјарда денари за заостанати долгови за земјоделците, коишто претходната Влада им ги должи, вели Мицкоски.
Премиерот порача дека една милјарда денари ќе придвидат и за почетокот на наредната година, со што како што вели, покрај редовната исплата на субвенциите за земјоделците ќе има и средства со кои ќе се вратат долговите кои ги направила Владата на СДСМ и ДУИ. Истакна дека информациите од терен говорат дека во моментов им се помага на производителите на сливи, лозарите, кои имаат рекордни откупни цени на грозјето, односно за 25 проценти се повисоки.
Премиерот вели дека веќе се работи сериозно и за најавите за развој и регулација на криптопазарот за што наскоро ќе се подготви законска регулатива.
- Дел од посетите што беа и од САД и од други земји од Европа се со фокус на таа тема. Во следниот перид ќе излеземе со законска регулатива со која сето оваќе биде регулирано и ќе знаи повеќеприливи во Буџетот што ќе може да ги користиме за капитални проекти, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Шест мигранти пронајдени на Богородица - влегле во возилото додека возачот правел пауза
-
28 годишна тетовчанка пријавила обид за измама
-
Во студентскиот дом „Пелагонија“ решен проблемот со топла вода, се санираат и лифтовите
-
Штип го чествува празникот „Свети Никола“, патронот на градот
-
Форумот за образовани промени предлага субвенциониран меѓуградски превоз за студенти
-
ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите
-
Прегазен 34 годишник во Гостиварско
-
Повторно блокирана работата на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади