Мицкоски: Како и за се во својата кариера, Заев и овој пат се коцкаше лошо

Денес нема да чуете изјава или повик од СДСМ со кој не повикуваат да поддржиме автентично толкување на член од Законот за амнестија, кое самите вчера не го подржаа. Нема да го чуете тоа, зошто сами пропаднаа во сопствената стапица и маските паднаа. Како и за се во својата кариера, Заев и овој пат се коцкаше лошо, се коцкаше со темата амнестија и изгуби, напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Излезе на чистина кој за што се бори, и тоа дека главниот корисник на амнестијата во оваа држава е првиот човек на владата. Но полошо од самото ова е тоа што вакви луѓе ни ја водат државата и одлучуваат за судбините на сите.
И во оваа прилика, бидејќи повеќе СДСМ нема за што да повикува, сепак да прашам зошто Заев не прифаќа забрана за амнестија за политичари, амнестирани политичари да не се занимаваат со политика, и дали и овој пат планира да се крие преку пратенички иминутет, со имот чие потекло не сака да се испита? Ќе напоменам дека прашањата стануваат реторични, затоа што одговорите веќе ги знаете сите, напиша Мицкоски.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
