Мицкоски: Ја разрешуваме неизвесноста во евроинтеграциите со зачестени средби и наши аргументи | ВИДЕО

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше гостин на Атлантскиот совет во Вашингтон каде што говореше за иднината на трансатлантските односи и Западен Балкан, осврнувајќи се на односите со Грција, посебно со Бугарија и нашето членство во ЕУ.
- На разговорот во Атлантскиот совет истакнав дека и покрај значајните отстапки за напредок во евроатлантската интеграција, Македонија останува посветена на заштитата на своите национални интереси и идентитет. Посебен акцент ставив на улогата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур како гарант на човековите права и владеењето на правото, нагласувајќи дека нашата држава ги почитува сите негови пресуди, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот Мицкоски во рамките на посетата на Вашингтон, ќе има обраќање и на годишната Конференција за конзервативна политичка акција.
Мицкоски на Фејсбук објави видео од организаторот на конференцијата со кое се најавува неговото обраќање.
На тридневниот состанок на конзервативците ќе се обратат американскиот претседател Доналд Трамп и политичари од Аргентина, Велика Британија, Полска и Италија.
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс ја води Конференцијата за конзервативна политичка акција, а другите сесии ќе вклучуваат дискусии за криптовалутите и мирот на Блискиoт Исток, како и панел со роднини на заложниците кои се држат во Газа.
Покрај претседателот на Претставничкиот дом на САД Мајк Џонсон, на агендата денеска се и поранешната британска премиерка Лиз Трас и политичкиот директор на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Предвидено говори да имаат и словачкиот премиер Роберт Фицо, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи и италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Претедателот на македонската Влада, кој во САД е придружуван од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, синоќа имал средба со Александар Касаноф, заменик помошник секретар за Западен Балкан во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот, на која станало збор состојбата во државата, за европските интеграции и препреките со кои се соочува земјава на тој план, како и за реформската посветеност на Владата и фокусот на клучните области.
Станало збор и за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, со посебен акцент на регионалната безбедност, економската соработка, доброто владеење и демократијата.
На средбата заеднички е потврден интересот за одржување континуитет во политичкиот дијалог и зацврстување на билатералните односи помеѓу двете земји, преку засилена комуникација и институционална соработка, продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и преку продлабочена соработка и партнерство во рамки на НАТО алијансата.
Ново на Сител
-

Мицкоски: 63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање
-

Бела куќа: Средбата на Трамп со Си Џинпинг не е загрозена, но можно е одложување
-

Муцунски: По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
