Мицкоски: И покрај опструкциите од страна на власта, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ реализираа голем број на проекти
Мицкоски: И покрај опструкциите од страна на власта, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ реализираа голем број на проекти за граѓаните изминатите 365 дена, продолжуваат со реализација на сработеното
Нормално е дека секогаш може подобро, но имајќи ги ви предвид околностите и ресурсите со кои располагаа градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, имајќи во предвид во која ситуација се случуваше сето ова и што наследија мислам дека направија повеќе од што можеа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски на заклучоците од политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина“.
Претседателот Мицкоски градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги нарече херои бидејќи и покрај сите опструкции од власта успеале да реализираат голем дел од проектите, додавајќи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе им биде ветер во грб и ќе ги мотивира дополнително градоначалниците со поддршка да продолжат со реализација на проектите за граѓаните.
Овие луѓе се навистина херои со тоа што успееја да го направат изминатите 365 дена, нормално тука со огромна поддршка на пратениците во парламентот од ВМРО-ДПМНЕ, со огромна поддршка на советниците во советите од ВМРО-ДПМНЕ, со огромна поддршка на луѓето кои што ги водат јавните претпријатија и народот кој што дополнително ги мотивира. И убеден сум дека во периодот кој што следи ќе го искористат тој мотив и ќе биде уште подобро и ќе има уште повеќе проекти, а нормално веќе и со иднината влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе им бидеме и ние ветер во грб, наместо оваа влада денеска која што опструира, рече Мицкоски.
Ние ќе мотивираме се со цел да реализираат што е можно повеќе проекти и да продолжат онаа традиција на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е брендот ВМРО-ДПМНЕ кој што носи проекти, иновира и кој што носи подобри времиња, изјави Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Се уште трае блокадата на РТС во Белград
-
Продолжува сведочењето на Палчо
-
Денеска е Велика Среда
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на фудбалскиот натпревар Вардар-Црвена ѕвезда
-
Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-
Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на Украина
-
Трамп размислува за нови царини за увоз на минерали поради зависноста на САД од Кина
-
Oблачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и ноќта локални врнежи од дожд