Мицкоски го обвини Апасиев за незаконско купување деловен простор

Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеничко прашање од лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев, искажа сомневање за кривично дело при купување деловен простор по ниска цена во центарот на Скопје преку Универзална инвестициска банка. Апасиев, на денешната седница за опозициски пратенички прашања постави прашање до премиерот Мицкоски, за како што рече, неговиот однос и селективноста на истрагата за трагедијата во Кочани, и изрази сомнеж од опасност за несоодветни обвиненија.
- Политичката партија Левица купила деловен имот од 409 метри квадратни на адвокатската улица за 295.000 евра со ДДВ или 721 евро во центар на Скопје. Ќе ви кажам какво е ова кривично дело. Градот Скопје ви пресметал цена квадрат од 1.150 евра, па сте платиле данок во вредност од 739.285 денари. Ќе видиме дали е кога ќе се позанимаваат органите, рече Мицкоски.
Мицкоски во одговорот на прашањето од Апасиев посочи дека кога станува збор за кривични дела, се надева оти органите ќе имаат можност длабински да истражат што е тоа што претставува кривично дело.
- Тоа што јас можам да ви го кажам е дека со криминалците нема играње, вклучително и со оние кои се потенцијални криминалци. Без разлика од која политичка партија доаѓаат, дали се од СДСМ, дали се од ДУИ, Левица или од ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.
Апасиев рече дека е незадоволен од одговорот, а тоа што го прави Мицкоски го оквалификува како „реторика која се нарекува синдром на коза“ или „вербална дијареа“, дека зборувал за сè, само не за она што прашал. Апасиев, во репликата напомена дека не му било одговорено на поставеното прашање. Тој потврди дека партијата Левица купила простор подрумски простории и дека тоа е причината за ниската цена.
– Зборувате за сè освен за тоа што ве прашав. А тоа што ве прашав е всушност констатација дека вашите часовници вредат повеќе од таа зграда. Ние купивме подрумски простории со приземје, ете затоа е толкава сумата. Уште утре да ни поднесете кривична пријава. Исто како што јас следната недела ќе поднесам против вас, дело „Попречување на правдата“ и за кривични дела „Оддавање службена тајна“ одговори Апасиев.
Во тек на дебатата беа изнесени и ставови за обвинителите во истрагата, при што Мицкоски алудирајќи на Гаврил Бубевски рече дека првпат го сретнал на трагедијата во Кочани, а на што Апасиев прочита, како што рече, „препорака издадена во 2009 година од ВМРО-ДПМНЕ ОК Пехчево, на која се потпишани 8 членови на Партијата од комитетот во Пехчево, за вработување на Бубевски како јавен обвинител во Скопје.
Ново на Сител
-

На македонските аеродроми лани превезени 3,5 милиони патници, раст од девет проценти на годишно ниво
-

Стабилно и суво до крајот на неделава, од среда потопло
-

Иран вели дека ситуацијата сега е „под целосна контрола“ по крвавите протести за време на викендот
-

Во скриен бункер на камион на ГП Стар Дојран пронајдени 5050 штеки цигари | ВИДЕО
-

Црвен крст на Србија достави помош за 400 домаќинства, итна седница на Штабoт за вонредни ситуации
-

Објавена снимка како е скршено стаклото на бугарската амбасада во Скопје
-

Рафиња: Да не дојдеше Флик, ќе ја напуштав Барселона
-

Ѓорческа ја мина првата пречка во квалификациите на Австралија опен
