Мицкоски: Функционерите кои што не го пријавиле имотот треба да сносат одговорност
„Во периодот што следи повеќе од 120 ако не се лажам владини функционери ќе се појавуваат со скриени имоти, во вредност од околу 30-тина милиони евра. Нешто што е непримерно. И нешто што навистина лош пример за иднина и треба да си преземат одговорност тие кои што направиле законско пречекорување односно не го пријавиле имотот“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање околу аферата „Тајни имоти“ денеска пред започнување на Политички дијалог на ЕПП - партиите од регионот, кој се одржува во хотелот „Double Tree by Hilton“.
Мицкоски додаде дека треба да одговараат пред законот оние функционери на Владата кои што направиле законско пречекорување односно не го пријавиле имотот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Изминатите три дена 1937 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 447 за брзо возење
-
Украина ги нарече „лага“ руските тврдења за заземање на Часов Јар
-
Просечната каматна стапка на депозитите на годишно ниво во јуни е 2,20%, а на кредитите 5,03%
-
МОН објави повици за ангажирање образовни медијатори за поддршка на ученици Роми во основните и средните училишта
-
Дебар: Мајка со нож го повредила својот син
-
Перински: Системски пристап при насочувањето на буџетските средства кон регионите и општините
-
Најмалку 48 загинаа додека чекаа ред за помош во Газа, стравувањата од масовно гладување растат
-
ДЗР: Отсуство на интегриран систем и слабости во контролите во Фондот за здравствено осигурување