Македонија
17. July 2022 - 20:25

Мицкоски: ДУИ прави трајна штета во односите меѓу Албанците и Македонците во Македонија

Факт е дека единствен којшто вистински почнува да преговара со ЕУ е Еди Рама и Албанија. Македонија ќе оди да се исликаат таму нашиве политичари и повторно ќе не седнат на магарешка клупа во ходникот и ќе ни речат уште малце да ја дозавршите вашата домашна задача па после ќе ве вратиме назад во просторијата, изјави вечерва во Тема на денот на Сител Христијан Мицкоски.

-Сакам една работа да кажам. Оваа генерација водство во ДУИ прави трајна штета во односите меѓу Албанците и Македонците во Македонија. Ова ќе има голема меморија. Тие ги предадоа интересите на Македонците и направија пакт со Бугарите за асимилација на Македонците. Раководството на ДУИ прави трајна штета. Ова ќе остане во колективната меморија на македонскиот народ. 75% најмалку Македонци се против овој договор.

Мицкоски вели Османи си ја постигнал неговата цел.

-Целта Бујар Османи си ја постигна, а тоа е една, ние нема да почнеме преговори, Албанија ќе почне преговори. Прво беше целта да имаме обединување на Македонија и Албанија, се сеќавате уште во 2000-та година кога го потпишувавме договорот за стабилизација и асоцијација ни Хрватска не го беше потпишала, па заедно станавме со Хрватска како да кажам кандидати. Па испаднавме од таа група и влеговме во групата со Црна Гора и Србија. Па испаднавме од таа група и влеговме со Албанија и сега конечно испаѓаме и со Албанија. Албанија ќе си продолжи, а ние најверојатно ќе чекаме некои подобри времиња, можеби Косово, Босна и Херцеговина или пак некоја друга држава која што се уште ги нема заокружено своите независности односно државности, појасни Мицкоски.