Македонија
18. јуни 2024 - 16:35

Мицкоски до Собранието ја поднесе програмата и составот на новата Влада

Мандатарот Мицкоски го достави до Собранието Предлот составот за новата влада. На списокот има 23 имиња, а заедно со предлозите, собраниската архива ги добила и биографиите на идните министри. Првиот работен ден на владата, според Мицкоски ќе биде понеделник, откако викендов пред пратениците ќе се најде предлогот за избор на влада.

Повисоки пензии за 5 илјади денари, поддршка за земјоделсството, брзи резултати во економијата се дел до ветувањата на мандатарот Мицкоски кои вели дека ќе ги реализира со својот министерски тим. Најави бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата, а под лупа, рече ќе се најдат и сомневањата за злоупотреби направени во изминатите седум години.

Во новиот владин  тим, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 15 министерски позции, Вреди ќе раководи со шест, а Знам ќе има двајца министри..