Мицкоски: Бараме идна и неодложна ревизија на работата на врховните судии

Бараме идна и неодложна ревизија на работата на врховните судии, без искучок и ревизија на нивните одлуки. Таму каде ќе бидат утврдени неправилности, потребни се оставки, одговорност пред законите. Бараме реформа на Советот за реформи во правосудството, што ќе подразбира времено суспендирање на секаква негова активност поради контаминираноста на неговата работа и бараме меѓународна експертска помош во реализирање на реформите, нагласи вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на „Граѓанскиот протест против неправдата“.
Тој нагласи дека е за апсолутна правда, истакнувајќи дека одговорност за криминалот мора да има без разлика кој, кога и како го сторил.
– Ниту денес, ниту утре кога граѓаните ќе ни дадат мандат нема на памет да ми падне да се мешам во судската власт, ниту да попречам правда за кого било, потенцираше Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека парламентарните избори кои претстојат се, како што рече, нова шанса за македонскиот народ да си ја врати државата во свои раце и да покаже дека Македонија може и дека Македонија заслужува повеќе.

– Бараме покренување на истрага за злоупотреба на службената должност од страна на Зоран Заев, кој се меша во обвинителски и судски постапки и одлуки на Врховниот суд. Истрага од тим на обвинители кои нема да ги одбере Рускоска, поточно Зоран Заев, туку обвинители во кои ќе има доверба експертската јавност како гаранција за непристрасност и независност, рече Мицкоски.
Тој потенцираше дека по следните парламентарни избори нема да биде ништо исто.
– Очекуваме реакција и тоа брза одлучна и резолутна реакција, а доколку ја нема, народот е тука и веќе добро знае што треба да направи и каков громогласен одговор следи на 12 април, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Од зградата на Јавното Обвинителство, вечерва поддржувачи и граѓани маршираа на „Граѓанскиот протест против неправдата“, со што опозициската ВМРО-ДПМНЕ го искажа незадоволството од функционирањето на правосудниот систем за време на владеењето на СДСМ и коалицијата.
Ново на Сител
-

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед
-

Претседателката Сиљановска‑Давкова на реферирање за борбена готовност на Армијата
-

Новиот состав на ДИК ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието
-

Граничните премини и денеска блокирани од камионските превозници
-

Рубио: Продолжуваат руско-украинските преговори во Абу Даби
-

Славески: Просечната плата лани порасна номинално за 9,2 проценти, потребен е одговорен пристап кон растот на платите
-

Во авионска несреќа во Колумбија загинаа 15 луѓе
-

Бесент: За ЕУ е поважна трговијата од Украина
