Македонија
3. February 2021 - 12:11

Мицкоски: Апелирам до Владата на разум, или прифатете електронски попис или одложете го за пролетта 2022 година

Денеска практично ја отпочнуваме иницијативата формално со која што ќе го доставиме и законот во рамките на собранието до спикерот на парламентот со кој што ќе побараме да биде укинат Законот за попис кој што беше донесен без консензус и без би рекол елементарно почитување на здравјето на граѓаните во услови на тешка пандемија кога за жал властите не успеваат да се снајдат со истата, а Македонија е закована убедливо на дното или на врвот, како сакате наречете го тоа по бројот на лицата кои што се инфицирани и по бројот на луѓето кои што за жал го загубија животот поради неспособноста на власта.

Сведоци сме дека голем број на држави во регионот како што се нашиот сосед Бугарија, нашиот сосед Србија, од поблиското опкружување гледаме Хрватска, Романија, Сојузна Република Германија, водејќи сметка и грижејќи се за здравјето на граѓаните одлучија да го одложат пописот кој што беше планиран да се случи оваа 2021 година за есента или за пролета 2022 година или есента 2021 година.

Бидејќи кај нас пописот е невозможно да се случи есента 2021 година поради локалните избори и кампањата која што тогаш ќе се случува, апелираме до владата на разум, апелираме до собранието на разум да се грижат за здравјето на граѓаните и да го одложат пописот за пролета 2022 година. Ништо нема да промени доколку неколку месеци пописот биде одложен, наместо овој кој што е планиран во април 2021 година.

Гледаме дека воопшто не се ни направени пописните тимови, ниту пак обучувачите на истите пописни тимови, имајќи ги предвид пандемските услови во кои што државата се наоѓа и невозможно е истите да бидат обучени а притоа да биде заштитено практично здравјето на тие луѓе кои што ќе бидат дел од тие пописни тимови.

Да потсетам, станува збор за илјадници наши сограѓани чие што здравје владата директно го изложува и ги загрозува нивните животи. 

Немаме вакцини со што би ги заштитиле тие луѓе, слушаме дека првите вакцини кои што евентуално би пристигнале во државата во една скромна количина во Македонија се некаде на почетокот на месец март. Еве помина и јануари, ќе помине претпоставувам и февруари, а ние остануваме заковани убедливо на дното и нема начин како тие луѓе кои што утре ќе ни тропнат на нашата врата да ги имунизираме и да бидеме сигурни дека нашето здравје, но и здравјето на околината ќе бидат заштитени, бидејќи за жал вакцини нема и покрај тоа што опозицијата прави се во парламентот да  им овозможи на надлежните еднашка да си ја завршат работата за која што се платени. Да не мислат на провизии, да не мислат на лоповлук, да не мислат на криминал.

Апелираме на разум, доколку разум не постои да биде пописот одложен за 2022 година.

Апелираме од владата и до надлежните во парламентот да го прифатат предлогот на опозицијата за електронски попис, уште во 2015 година поддржано од страна Европската унија, Европската комисија, Министерството за информатичко општество и администрација има услови да ги подготви базите на податоци за спроведување на електронски попис, проект кој што заври 2018, 2019 година.

Не го изложувајте здравјето на граѓаните. Не бевте способни да го заштитите, не бевте способни да донесете вакцини за тие кои што сакаат  да го заштитат здравјето вакцинирајќи се, да им го овозможите тоа, овој пат барем направете електронски попис. 

Разбирам дека сакате со вашите активисти, и активистите на ДУИ и СДСМ да им дадете определена дневница за да бидат мотивирани, бидејќи се крајно демотивирани да работат на локалните избори. 

Но, верувајте здравјето на граѓаните и човечките животи немаат цена. Не смееме да газиме преку живи луѓе. Оставете ја оваа статистичка операција за пролета 2022 година или еве еднашка охрабрете се направете електронски попис по теркот на државите од Европската унија.

Тоа ќе значи дека граѓаните ќе имаат доверба во таа статистичка операција, нема да зависиме од политичкиот двоен потпис и на крајот на денот ќе можеме пристојно да си ја развиваме нашата Македонија.

Прашање: Колку верувате во ова опција со уривање на законот со оглед на фактот дека малку е времето додека се стави на собраниска седница и дали воопшто ќе се стави на седница, како ќе обезбедите кворум?

Одговор: Еве и вие преќутно во преносна смисла на зборот велите дека насилно се однесува парламентарното мнозинство кога ќе успее да се собере до 61, не верувате дека нешто што е важно за граѓаните на различен начин да помине во Парламентот. Значи станува збор за режи кој што практично го потврди неколку години по ред реномираниот истражувачки весник Економист и тоа е вклучено во последната негова статија и во последната листа на ранг држави и повторно сме прогласени за хибриден режим. Никој не верува дека може нешто да се направи но јас сум тој кој верува до последно дека доколку ни се приклучат илјадници, а зошто да не стотици илјади наши сограѓани кои немаат доверба во оваа политичка операција, јас не верувам дека постои политичар во државата кој што тоа ќе го игнорира и нема да го прифати во Парламентот. И на крајот на денот јас не сум баш сигурен дека парламентарното мнозинство по било која тема е парламентарно мнозинство. Да не се случи набрзо парламентарното мнозинство да не биде парламентарно мнозинство. 

Што се однесува до кворумот, ние тоа го споменавме уште на почетокот на креирањето на овој Парламент, уште на конститутивната седница и рековме дека на ваков начин, водејќи се од искуството на некои минати состави во парламентот дека ќе може да се тргува со пратениците нема да одат далеку и на тој начин нема да успеат да обезбедат кворум во рамките на Парламентот. Иако имаше такви обид, имаше пратеници кои беа под притисок од страна на владејачкото мнозинство и луѓе блиски до нив да ги убедат на разни начини дека можеби треба да му се приклучат на парламентарното мнозинство кое во тој момент беше, а секако тоа не значи да му се приклучат поради тоа што овие имаат креативни напредни политики туку се обидоа на поинаков начин да ги мотивираат. Тоа за нив беше голема навреда. Луѓето со индигнација одбиваа и затоа ние денеска се наоѓаме во ситуација, да мало тесно мнозинство на луѓе кои ја доведоа Македонија да биде земја за потсмев во регионот и ја заковаа на последното место во регионот по нивото на чест и честитост, а на првото место по ниво на корупција се обидува да владее со државата на насилнички начин. Тоа така не може. Или ќе има консензус и ќе се слуша што кажува опозицијата или ќе се случи во државата да имаме ваква ситуација.  Или предвремени парламентарни избори или четвртата опција ново постабилно парламентарно мнозинство. 

Прашање: Како ја коментирате вчерашната изјава на претседателот Пендаровски за можно одложување на пописот за месец или два?

Одговор: Па ќе оставам на неговата чест и честитост и не би ја коментирал таа изјава. Бидејќи доколку Стево Пендаровски сакаше да биде над ситуација и навистина им мислеше добро на граѓаните и не сакаше да легнува и да се буди со грижата на совест дека некој денеска го загубил животот поради неговиот потпис што го стави на законот кој што насилно го туркаше парламентарното мнозинство можеше тоа многу порано да го направи. А сега за жал ќе мора да легнува и да се буди со грижа на совест дека денеска неколку луѓе ќе го загубат својот живот поради тоа што потпишувајќи го тој Закон ги изложи и ги стави на гилотина животите на нашите сограѓани.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ