Македонија
16. February 2024 - 16:32

Мицкоски: Ахмети да се кандидира за претседател за да го пензионираме

Ахмети да се кандидира за Претседател за да може да го пратиме во незаслужена пензија. Опозицискиот лидер го охрабрува првиот човек на ДУИ да влезе во претседателската трка по информациите кои вчера ги објавија дел од медиумите

Од ДУИ до овој момент не може да се добие став. На пораките не одговара ниту Артан Груби кој вчера со оваа фотографија на социјалните мрежи ги поттикна коментарите околу кандидатурата на Ахмети а повеќе портали кои известуваат на албански објавија неофицијални информации дека лидерот на ДУИ ќе биде претседателски кандидат.
Но Мицкоски е убеден во двојна победа изразувајќи задоволство од окрупнувањето на албанската опозиција

Како ќе изгледа гласачкото ливче за Претседател ќе се знае до 8 март кога завршува постапката за собирање потписи. Кампањата почнува на 4 април. Првиот круг е 20 дена подоцна.