Мицевски: ВМРО – ДПМНЕ до Собранието на РМ ќе поднесе Закон за престанок на важењето на Законот за трговија на зелени пазари
Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ до Собранието на Република Македонија ќе поднесе Закон за престанок на важењето на Законот за трговија на зелени пазари донесен од владеачкото мнозинство.
Имено, Законот за трговија зелени пазари го донесе гласачката машинерија на СДСМ во јануари 2018 година во отсуство на ВМРО – ДПМНЕ.
СДСМ искористувајќи го отсуството на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието набрзина како и сите останати закони, го донесе овој штетен закон без никаква консултација ниту со пазарџиите, ниту со експертската јавност.
Ваквото брзоплето и несериозно носење на Закон за трговија на зелени пазари денес во пресрет на изборен процес очигледно не им одговара на СДСМ, па сега одлучиле одложување на стапувањето на сила на законот за после изборите. Повторно една провидна мерка која не ги решава проблемите на пазарџиите кои што протестираа за ова штетно решение на СДСМ.
Да бидеме јасни, СДСМ со одложувањето на примената на Законот не го решава проблемот на пазарџиите туку само го пролонгира се со цел да не претрпи политичка штета за предстојните избори.
Од друга страна, како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесеме Закон за престанок на законот за трговија на зелените пазари со што сакаме да овозможиме оваа проблематика да се разгледа одново, да се слушне мислењето на пазарџиите, на експертската јавност, на пратениците од опозицијата и заедно да направиме едно квалитетно решение во интерес на пазарџиите.
За таа цел, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија ќе бара да се одржи и јавна расправа во рамките на Комисијата за економски прашања на која би се изнеле разни ставови и решенија.
Исто така сакаме да најавиме дека во најбрз временски период представници и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе остварат средба со сите засегнати страни со цел изнаоѓање на најдобро можно решение, изјави Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена