Македонија
16. December 2019 - 12:23

Мицевски: Владата предводена од СДСМ го злоупотребува Собранието со штанцање закони

Лудилото на СДСМ во македонското Собрание нема крај.

Во последните две седмици во Собранието на Република Македонија се пристигнати 123 предлог закони, што претставува рекорд во законодавниот дом.

Владата предводена од СДСМ заедно со парламентарното мнозинство, штанцаат закони како никогаш до сега, со што се врши класична злоупотреба на институцијата.

Во пресрет на предвремените парламентарни избори и на крајот на Владата на Зоран Заев, СДСМ погазувајќи ја демократијата и транспарентноста, сака преку овие закони да се додворува на гласачите, свесни дека во реалноста немаат направено ама баш ништо за македонските граѓани.

Овие 123 закони парламентарното мнозинство сака да ги протне на мала врата, без никакви консултации со стручната јавност, без јавни расправи и без време пратениците од опозицијата да ги разгледаат текстовите на законите и соодветно да реагираат таму каде што има потреба.
Исто така, не изостанува и континуираната злоупотреба на скратената постапка за која што СДСМ додека беше во опозиција гласно реагираше, а сега стана рекордер во донесени закони по скратена постапка каде што бројката надминува над 55% што е погубно за една демократија и најубаво го отсликува самоволието кое што владее овие три години во македонското собрание.

Оваа бројка е уште попоразителна ако се земе фактот дека откако СДСМ се дојдени на власт па се до октомври 2019 односно за три години, донесени се 377 закони, а сега за само две недели до Собранието се стасани 123 предлог закони.

Сакаме да потенцираме дека се работи за крајно популистички закони кои што не се во интерес на граѓаните, туку закони кои што треба да ја затскријат неспособноста на власта да си ги исполни ветувањата и преку овие закони сакаат да ги манипулираат граѓаните дека нешто работат.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи на ваков низок начин да се изиграат граѓаните кои што и покрај игрите на СДСМ се свесни дека оваа власт е најнеспособната и најкорумпираната власт што некогаш ја имала оваа држава.

Оваа Влада и ова парламентарно мнозинство е пример како во иднина не треба и не смее да се води државата.

Зборуваа за демоктарија, донесоа партиски реваншизам.

Зборуваа за инклузивност, донесоа сомоволие.

Зборуваа за правна држава, донесоа невиден криминал.

Зборуваа за еднаквост на сите пред законите, донесоа корупција и злоупотреба на законите.

Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ апелираме до колегите од парламентарното мнозинтво наместо да се умилкуваат на Зоран Заев за нивните места на пратеничките листи, да се присетат дека тие се претставници на граѓаните, а не гласачка машинерија на погубните политики на Зоран Заев и раководството на СДСМ.