Loading Video...
Спорт плус
24. јуни 2018 - 18:54
МИ: Злато за Јакупи, бронза за Арсовски
Одличен настап и златен медал на македонскиот карате репрезентативец Берат Јакупи на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија. Бронзен медал освои Жарко Арсовски .
Јакупи го освои златниот медал со триумф во финалето над францускиот каратист Жеси да Коста. Претходно беше совладан претставникот на БиХ, Мерис Муховиќ. во второто коло Италијанецот Микеле Мартина, и во полуфиналето србинот Дејан Цвркота.
Со овој настап Берат Јакупи најави одлични резултати во однос на претстојните Олимписки игри Токио 2020.
Со медал се закити и Жарко Арсовски кој во мечот за третото место беше подобар со судиска одлука од Италијанецот Симоне Марино.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->