-->
-->
Ми правеше „третмани“: Лекар од репрезентација сексуално злоставувал гимнастичарки
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2017/october/gimnasticarka-145730.jpg?itok=71txlZt4)
Американската гимнастичарка Меккејла Мароуни на социјалните мрежи објави потресна исповед за сексуалното злоставување, кое со години го вршел лекарот на американската гимнастичка репрезентација, Лери Насар.
– Ми рече дека се работи за неопходен медицински третман којшто тој го изведува преку 30 години. Тоа почна кога имав само 13 години, во еден камп за тренинг, а не престана се дури не се откажав од спортот. Ми правеше „третмани“ секогаш кога имаше прилика за тоа, раскажува девојката.
Се покажа дека таа не единствената што била злоставувана. Со свои приказни се јавија уште неколку гимнастичарки. Нејзината колешка од репрезентацијата, Џејми Данцшер сведочи како, додека ја допирал по интимните делови, докторот ја уверувал дека тоа ќе помогне да се справи со болката при евентуална повреда.
Насар моментно се наоѓа в затвор поради поседување детска порнографија, и го чека судење за сексуално злоставување на 125 девојки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец
-
Кога пензионираните пилоти за ер тракторите ќе се вратат на работа?
-
Традицијата продолжува - Златните денови Кратово 2024