МФ: Намалена невработеноста, зголемени инвестициите, долгот на ниско ниво
Министерството за финансии денеска преку соопштение реагира на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ Зоран Заев на која тој тврдеше дека Владата во изминатиот период водела лоша и погубна економска политика. Според МФ, реалноста и фактите говорат спротивно од овие тврдења.
- Невработеноста во Република Македонија е значително намалена последните десет години, односно од 38,7 отсто во 2005 година на 26,8 отсто во 2015 година, или за 11,9 процентни поени е помала согласно податоците на Државната статистика. За овие 9 години во Македонија се отворени 140.000 нови работни места, стапката на сиромаштија од 30 отсто во 2005 е намалена на 24 отсто во 2013 година, согласно податоците на Државниот завод за статистика, се вели во соопштението.
Во него се додава дека странските директни инвестиции од 2007 до 2015 година изнесуваат 2,3 милијарди евра или се зголемиле за 4 пати во однос на периодот од 2003 до 2006 година, согласно податоците на Народна банка.
- Македонија е земја со највисок раст во регионот, согласно проценките на Светска банка и ММФ, Македонија е земја со четврт најнизок државен долг во Европа – согласно податоците на европската статистика Еуростат. Државниот долг е намален од 36,7 отсто во 2005 на 36 отсто од БДП во 2015, посочуваат од Министерството за финансии.
За успешноста на економската политики на власта, сметаат од МФ, говори и фактот што Македонија е 12-та најдобра дестинација во светот за водење бизнис и шеста најдобра во Европа согласно реномираниот извештај на Светска банка Дуинг бизнис. - Ова се факти. Нив ги кажуваат реномирани институции со интегритет, се вели во реакцијата од МФ.
Ново на Сител
-
Лов на забранети животни – Каква казна предвидува законот за отстрел на мечки?
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски заменик мин. за социјална политика демографија и млади
-
ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада - Желјазков останува предлогот за премиер
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат