Металуршки конгрес во Охрид: Науката во функција на стопанството

Интензивирање на соработката меѓу науката и стопанството, ќе биде во фокусот на годинашниот меѓународен металуршки конгрес што ќе се одржи од 30 мај до 3 јуни во Охрид.
Како што беше речено денеска во Стопанската комора на Македонија, на Конгресот под мотото „Металургијата, материјалите и заштитата на животната средина“, освен домашни, ќе учествуваат и професори од Турција, Украина, Шведска и Австрија, а целта е најновите научни достигнувања да се доближат до индустријата.
Презентирани ќе бидат околу 30 научни трудови, а предвидени се и презентации од страна на компаниите - учеснички.
- Сакаме да бидеме сервис на индустријата, научните достигнувања да бидат достапни за нашите компании. Засега соработката е сведена на индивидуални контакти меѓу нашите поранешни студенти - сегашни менаџери и науката, истакна Свето Цветковски, професор на Технолошкиот факултет и претседател на Здружението на металурзи при Стопанската комора.
Професорот напомена дека главен проблем на научните работници е недостигот на современа опрема. Новата опрема е прилично скапа поради што факултетите не можат да ја обезбедат сами. Основна верзија на електронски микроскоп чини околу 180.000 евра, посочи Цветковски и додаде дека би било добро во оваа насока што повеќе да се користат европските фондови.
На претстојниот Конгрес во Охрид една од клучните теми ќе биде и обезбедувањето квалитетен кадар за металуршкиот сектор.
Ново на Сител
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
-

За обвинетиот Kрмзов предметот против него е конструкција, обвинителството најави цврсти докази
-

Минчев на министерска конференција од Берлинскиот процес
