-->
-->
Металург подобар од Пелистер
-->
Ракометарите на Металург со победа го започнаа пролетниот дел од Супер лигата. На средбата одиграна попладнево во салата „Автокоманда“ екипата на Металург до победата над битолски Пелистер со 29-23 ја предводеше Филип Талевски кој постигна 7 гола.
Во вториот меч од 15.коло одигран денеска Пролет како гостин славеше со 26-23 во дуелот со Вардар јуниор. Вчера Работнички убедливо го победи Прилеп со 34-25, а на отворањето на пролетниот дел, во петокот Радовиш со 32-22 славеше победа над Металург 2.
Од ова коло останува да се одигра и натпреварот Охрид – Борец.
Табела: Металург 45 бодови, Охрид 30, Прилеп 30, Работнички 30, Вардар јуниор 18, Радовиш 18, Пролет 18, Борец 16, Пелистер 15 и Металург (2) 1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар