Металург испушти победа во Харков
Нашиот претставник во ракометната ЛШ Металург по одличното прво полувреме во кое водеше со 18-12 против украинскиот Мотор, сепак не успеа да победи во Харков и се враќа со нерешен резултат 28-28.
Металург повторно играше без Лино Червар но изненади во првиот дел за да целосно разочара во вториот. Гуглета и Јагањац беа најефикасни во нашиот тим со по 7 погодоци додека Арсиќ фати 12 топки. Тимот од Автокоманда на оваа средба настапи без Кузмановски.
Вистинска драма се случи во финишот од мечот кога Металург поведе на стартот од последните три минути со 28-26 но дозволи израмнување 28-28. Потоа македонскиот тим не реализира напад за да ракометарите на Мотор во последните 7 секунди стигнат до голот на Арсиќ но за среќа стрелаа само во пречката.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Меѓу владините хонорарци синот на Самка, сестра на пратеничка од СДСМ, претседателот на СДММ
-
Битиќи: Ако се утврдат неправилности при пораст на цените на одредени производи, ќе бидат преземени мерки
-
Битиќи: Организаторите на настани никогаш не биле изоставени од мерките во сите пет пакет мерки
-
Тедрос: Ковид-19 за неколку месеци може да се стави под контрола со почитување на мерките
-
Филипче: Две илјади кинески вакцини од „Синофарм“ до вечер ќе пристигнат во земјава
-
Детали за превртениот автобус на патот Кичево - Битола
-
Сообраќајот на автопатот Скопје-Куманово по една коловозна лента поради пожар
-
Автобус се преврте на патот Кичево – Битола откако се судрил со трактор